Скандал пред мечот помеѓу Јувентус и Галатасарај, Осимен не сака да игра зошто не добил плата?!

by bojan
1 минути читање
Наполи и Галатасарај постигнале вербален договор за трансфер на Осимен

Медиумите од Турција пренесуваат дека Виктор Осимен може да го пропушти реваншот помеѓу Јувентус и Галатасарај во Лигата на шампиони во знак на протест поради неисплатена плата.

„Старата дама“ во среда ја пречекува Галатасарај во реваншот во баражот во Лигата на шампиони, а за овој натпревар, гостите можат да бидат без Виктор Осимен.

Напаѓачот се жали на болки во коленото и го пропушти дуелот со Коњаспор во домашното првенство.

Но весникот Хуријет вели дека зад отсуството има и друга причина покрај здравствената, односно финансиски проблеми.

Се шпекулира дека Виктор Осимен не добил неколку плати, па неиграњето против Коњаспор бил еден вид на притисок врз раководството на Галатасарај.

Останува да се види дали напаѓачот ќе истрча на теренот во Торино, но се верува дека овој натпревар е премногу важен за да се случи бојкот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×