Борнмут е еден од помалите клубови во Премиер лигата, но сега се најде во фокусот на јавноста поради несекојдневна одлука и се одлучи пат од 160 километри да помине со авион.
Клубот од јужниот брег со лет пристигна во Лондон за пресметката со Тотнем Хотспур, а истиот модел го повтори и пред дуелот со Вест Хем Јунајтед. Според британските медиуми, летот траел околу дваесет минути меѓутоа тоа предизвика реакии бидејќи на Островот се смета за сосема непотребно.
Имено со воз од Борнмут до Лондон се стигнува за помалку од два часа, додека патувањето со автомобил, во идеални услови, трае околу два и пол часа од стадион до стадион.
Од клубот засега нема официјален став, но извори блиски до тимот посочуваат дека тренерот Андони Ираола инсистирал на вакво решение со цел да се скрати времето на патување и да се добие повеќе простор за подготовка.
Интересно е што раководството на Премиер лигата, која минатата година ја промовираше својата стратегија за еколошка одржливост, немаше конкретен коментар, потенцирајќи дека изборот на транспорт е во надлежност на самите клубови.