Aталанта со пресврт ги разочара Елмас и Наполи – борба за одбрана на титулата веќе не е реалност! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Иако е на третата позиција, Наполи и математички е многу далеку од трката за Скудетото. На 12 рунди пред финишот во Серија А, неаполците имаат 14 бода негатива во однос на лидерот Интер разлика која тешко е да се верува дека можат да ја надополнат.

Актуелниот шампион потклекна на гостувањето кај Аталанта со 1-2, што беше втор пораз во последните пет кола и вкупно шести сезонава. Поразот е уште поболен ако се знае дека гостите водеа до 61. минута со 1-0, но потоа дозволија комплетен пресврт.

Беукема го најави триумфот со гол во 18. минута, а мечот можеше да добие поинаков тек доколку не беше поништен пеналот врз Хојлунд во финишот на првото полувреме. Тоа како да беше пресвртница, домаќините добија нов импулс, Пашалиќ израмни во 61., а Самарџиќ во 81. минута ја донесе победата на тимот од Бергамо.

Елиф Елмас беше на теренот и ги одигра комплетните 90 минути.

До крајот на сезоната, за Наполи приоритет веројатно ќе биде борба место што води во Лига на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×