Фудбалерите на Ливерпул многу потешко од очекуваното славеа победа на гости кај Нотингем со 1-0.
Беа избраниците на Слот подобар противник во најголем дел од натпреварот, создадоа многу повеќе прилики, меѓутоа немаше реализација се до финишот. Мрежата на домаќините се затресе во 90. минута, но тој гол на Мекалистер беше поништен по реакција на ВАР поради игра со рака.
Сепак, Аргентинецот излезе како „победник“ во оваа „битка“ со технологијата и во 97. минута одново постигна гол кој повторно се проверуваше, меѓутоа сега беше признат.
🚨🏴 MAC ALLISTER HAS GIVEN LIVERPOOL THE LEAD IN THE 90TH MINUTE!
— Everything Football Podcast🔰 (@EFLPOD_) February 22, 2026
BUT VAR CANCELLED IT FOR HANDBALL
pic.twitter.com/tbOajV3UWI
Alexis Mac Allister scores at 90'+7
— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 22, 2026
🏴 Nottingham Forest 0-1 Liverpoolpic.twitter.com/CxhyloDh8Z https://t.co/DMR0Y0lI7v
Најефикасно во Англија попладнево беше на дуелот помеѓу Сандерленд и Фулам каде што гостите славеа со 3-1. Сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме. Хименез постигна два гола и еден Ивоби, додека за Сандерленд прецизен од пенал беше Ли Фе.
Победа забележа и Кристал палас кој потешко од очекуваното ја оправда фаворитската улога над Вулвс со 1-0. Последнопласираниот тим на табелата од 61. минута играше без исклучениот Крејчи. Голот за победа на домаќините го постигна Гусенд во 90. минута. Претходно во првиот дел, Аркодаре не реализираше пенал за Вулвс.