Манчестер Сити ја запиша петтата победа во низа во сите натпреварувања откако славеше против Њукасл и веднаш испрати порака до Манчестер Јунајтед.
На социјалните мрежи „граѓаните“ објавија „Време е за потстрижување“, алудирајќи на навивачот на Јунајтед кој вети дека нема да ја шиша косата додека неговиот тим не врзе пет победи. Иако беше близу до исполнување на својата цел, сепак Јунајтед не успеа да направи таква серија.
Со новата серија, Сити се доближи на два бода до лидерот Арсенал и најави жестока борба за титулата во финишот од сезоната.