Франкфурт доцна се разбуди, Баерн врза три победи во низа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Баерн Минхен запиша нови три бода во Бундеслигата, откако во возбудлив натпревар од 23. коло славеше со 3-2 против Ајнтрахт Франкфурт.

Баварците фуриозно го отворија мечот и уште во првите 20 минути создадоа солидна предност. Павловиќ го начна противникот, а потоа на сцена стапи Хари Кејн, кој зголеми на 2-0. Франкфурт во првото полувреме не најде одговор на офанзивата на домаќините.

Во продолжението, Кејн повторно се запиша во листата на стрелците и донесе високи 3-0, по што гостите конечно се разбудија. Буркарт и Калимуендо погодија за намалување на резултатот, но тоа беше доволно само за почесен пораз и конечни 3-2 во корист на Баерн.

Останати резултати:

Келн – Хофенхајм 2-2
Унион Берлин – Баер Леверкузен 1-0
Волфсбург – Аугсбург 2-3

Можно е и ова да ти се допаѓа

×