Внукот на италијанска легенда ќе игра за Србите

by 24 фудбал
1 минути читање

Нов фудбалер со познато презиме ќе го носи дресот на Србија. Тинејџерот Џанфилипо Матераци, кој настапува за младинските категории на Лацио, е повикан во кадетската селекција на нашиот северен сосед.

Веста ја потврди Фудбалскиот сојуз на Србија, од каде соопштија дека 16 годишниот напаѓач го прифатил повикот и ќе го облече српскиот дрес.

Џанфилипо е внук од брат на поранешниот италијански репрезентативец Марко Матераци, а правото да настапува за Србија го добива поради српското потекло од мајчина страна.

Матераци е роден 2009 година и е стандарден член на У17 тимот на Лацио, каде настапува како напаѓач. Дебито за српската кадетска репрезентација се очекува на 26 февруари на натпреварот против Словенија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×