Британската актерка Гема Аткинсон откри интересни детали од минатото поврзани со нејзината кратка врска со Кристијано Роналдо.
Двајцата беа во љубовна релација во 2007 година, во период кога Роналдо го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, додека Аткинсон беше позната по својата улога во популарната серија Hollyoaks.
По раскинувањето, како што откри актерката, добивала бројни понуди со високи суми за јавно да говори за нивната врска и лошо за него, но таа одбила да го направи тоа.
„Откако ја прекинавме врската ми нудеа многу пари да говорам за него. Не го сакав тоа“, изјави Аткинсон.
Денес, таа е во брак со Горка Маркез, со кого има две деца и води мирен семеен живот далеку од вакви приказни.