Саудиска Арабија на Барса и нуди 40 милиони за играч кој е во втор план кај Ханси Флик

by bojan
1 минути читање

Саудиска Арабија мерка неколку фудбалери на „каталонците“ а последните информации велат дека на маса ќе бидат ставени 40 милиони евра за услугите на перспективниот Марк Касадо.

Марк Касадо минатата сезона беше еден од младинците кои добија посериозна шанса од Ханси Флик, и успеа да се наметне во првиот тим, но во март месец заработи потешка повреда на коленото и тоа го забави неговиот прогрес.

Тој сега е во втор план кај Ханси Флик, но и покрај тоа Саудиска Арабија е подготвена да инвестира солидна сума за негов ангажман.

Последните информации велат дека на маса ќе бидат ставени 40 милиони евра за трансфер на 22 годишниот фудбалер од средниот ред.

Што се однесува до платата, на Марк Касадо ќе му биде презентирано значително покачување, односно три до четири пати повеќе од тоа што го заработува во моментов.

Предлогот е примамлив и за Барселона и за Марк Касадо, па останува да се види дали младото момче ќе го замени Камп Ноу со преселба на средниот исток.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×