Тотнем ќе доживее „распад-систем“ доколку испадне во втора лига

by bojan
1 минути читање

Според пишувањата на Атлетик, испаѓање на Тотнем во втора лига ќе значи огромни промени во играчкиот кадар и „распад-систем“.

„Спарси“ овој месец му врачија отказ на тренерот Томас Франк по серијата лоши резултати кои го оставија клубот од Северен Лондон на само +5 од зоната за испаѓање.

Доколку Тотнем не успее да ја подигне формата и се пресели во втора лига, ќе им се случи „распад-систем“.

Атлетик објави дека преку 10 фудбалери ќе го напуштат клубот, а први на листата се Кристијан Ромеро, Мики ван де Вен и Конор Галагер.

Следни на списокот се Викарио, Педро Поро, Дестини Удогие, Кевин Данзо, Џед Спенс, Доминик Соланке, Мохамед Кудус, Џејмс Мадисон, Дејан Кулушевски, Чави Симонс и Ришарлисон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×