Голманите немаа своја вечер: Милан и Комо ремизираа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Mилан и Комо вечерва во 24. коло од Серија А ремизираа на „Сан Сиро“ одигрувајќи 1-1.

Првото полувреме не донесе премногу шанси, а гостите од Комо стигнаа до водство по еден кикс на голманот Мањан. Французинот по нешто повеќе од половина час ужасно лошо додаде, Нико Паз ја пресече топката и лесно ја погоди мрежата за 1-0.

Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме. Вториот дел донесе повеќе прилики и на двете страни, меѓутоа и Милан постигна гол по една голманска грешка.

Сонародникот на Мањан, Бутез во 64. минута лошо процени една долга топка, Леао тоа го искористи и го лобуваше за 1-1. До крајот мрежите мируваа, па двете екипи ги поделија бодовите.

Во финишот од средбата поради бурни реакции беше исклучен стратегот на Милан, Масимилијано Алегри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×