Валверде сакајќи да го заштити Винисиус ненамерно го нападна својот соиграч! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

По мечот меѓу Бенфика и Реал Мадрид наместо да се зборува за фудбалската игра, во центарот на вниманието е скандалот кој се случи поради расистички испад на Пристијани кој го навреди Винисиус.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ернесто Валверде со цел да го заштити својот соиграч и да го нападне Престијани, по мечот даде изјава која наиде на како бумеранг на социјалните мрежи.

„Ако ја покривате устата за да кажете нешто, тоа што го кажувате не е добро“, рече Валверде алудирајќи на тоа што Престијани ја покри устата кога му дофрли навреда на Винисиус.

Но, истото го направи и Винисиус кога имаше вербален дуел со Отаменди. Тогаш Бразилецот со рака ја покри устата и му рече нешто на капитенот на Бенфика.

Сеирџиите на социјалните мрежи го фатија тој момент па потенцираат дека изјавата на Валверде може да важи и за однесувањето на Винисиус кој исто така навредувал со покриена уста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×