Во Ајакс пристигнаа лоши вести веднаш по дебито на Александр Зинченко. Украинецот се повреди по само неколку минути игра, а прегледите потврдија проблем со лигаментите поради кој ќе паузира околу шест месеци.
Тоа значи дека дефанзивецот ќе го пропушти остатокот од сезоната, но и бараж натпреварите на Украина за пласман на Светското првенство. Како еден од капитените, неговото отсуство ќе биде сериозен хендикеп за селекцијата.
Зинченко зимава дојде од Арсенал, но наместо на теренот, најголемиот дел од договорот ќе го мине во процес на рехабилитација.
Украина во баражот прво ќе игра со Шведска, а евентуалниот следен ривал ќе биде победникот од дуелот меѓу Полска и Албанија, со тоа што мечевите ќе се одиграат во Валенсија.