„Арогантно“ и „Срамно“: Однесувањето на ѕвездите на Челси предизвика бес во Англија (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Ѕвездите на Челси добија огромни критики откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тие целосно ги игнорираат дечињата маскоти од Хал Сити пред натпреварот во ФА Купот.

„Сините“ во петокот играа против Хал Сити во ФА Купот, а една објава на социјалните мрежи предизвика бес во Англија.

Имено, од профилот на Челси беше објавено видео од пристигнувањето на играчите, но на јавноста и боде во очи тоа што ѕвездите на Челси целосно ги игнорираат дечињата маскоти од Хал Сите.

И покрај тоа што дечињата беа видно возбудени и трпеливо чекаа, никој ниту ги погледна, макар и со насмевка или мавтање, ниту пак им пријде да се поздрави.

Се чинеше дека Лиам Делап ќе го стори тоа, но напаѓачот само тргна да се поздрави со едно лице од тренерскиот персонал на Хал Сити, клуб во кој претходно настапуваше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×