21
Лидерот во ПМФЛ прокнижи нови три бода, Вардар попладнево лесно со 3-0 ја доби пресметката против Работнички.
На стадионот на ФФМ се сретнаа градските ривали Работнички и Вардар, а трите бода ги однесоа „црвено-црните“.
Момците на Седлоски фуриозно го почнаа натпреварот, Закариќ ја затресе мрежата по само осум минути игра, а Омерагиќ зголеми на 0-2 во 16. минута.
„Романтичарите“ не успеваа да влезат во ритам, на па стартот од вториот дел примија и трет гол, Цветковиќ реализираше за 0-3 во 48. минута.
Со оваа победа, Вардар останува лидер на табелата со 48 бодови, додека Работнички е претпоследен со само седум поени.