Барселона доби добри вести по дебаклот во Мадрид

by 24 фудбал
1 минути читање

Тешката ноќ во Купот брзо мора да се архивира во Барселона. По поразот од Атлетико Мадрид од 4-0, вниманието веднаш се префрла кон првенството и следниот предизвик кој може многу да значи во трката за врвот.

Во сенка на елиминацијата, тренерот Ханси Флик доби вест која носи олеснување. Рафиња повторно тренира со екипата и ќе биде во конкуренција за настап на претстојниот натпревар. Бројките јасно покажуваат колку неговото присуство влијае врз резултатите. Со Бразилецот во составот каталонците имаат значително подобар процент на освоени бодови, додека без него тимот често се мачи да го задржи посакуваниот ритам.

Нема многу време за жалење, бидејќи следува пресметка со Жирона. Во ситуација кога борбата за титулата со Реал Мадрид е максимално израмнета, секој нов кикс би можел скапо да чини.

Токму затоа враќањето на Рафиња доаѓа во идеален момент, како шанса Барселона повторно да фати залет и да одговори на притисокот во финишот од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×