Македонија ја доби својата група во Б дивизијата од Лигата на нациите, а покрај нашата селекција во неа се уште Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Додека во јавноста се анализираат шансите на избраниците на Гоце Седлоски, првите коментари пристигнаа и од швајцарскиот табор. Селекторот Мурат Јакин очекува неизвесни пресметки и сериозен предизвик во битката за врвот.
„Добивме навистина возбудлива група. Со Шкотска имаме меѓусебни дуели и од ЕП 2024, со Словенија исто така добро се познаваме, а со Македонија ќе играме првпат. Ќе бидат, во секој случај, тешки дуели. Со нетрпение ги очекуваме натпреварите, низ кои ќе се обидеме да докажеме дека местото ни е во А дивизијата“, изјави Јакин.
Јасно е дека ривалите имаат голем респект, а на теренот ќе се бара секој бод во конкуренција која уште на хартија ветува драматични натпревари.