Готово: Хрват ќе биде нов тренер на Тотнем!

by Стефан
1 минути читање

Игор Тудор според последните информации на сите најпознатите медиуми и новинари во фудбалскиот свет ќе биде нов тренер на Тотнем.

Според Фабрицио Романо планот на лондонскиот клуб е Тудор да биде привремено решение, а во текот на летото да биде назначен нов постојан тренер. Како главни фаворити за таа позиција се споменуваат Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино.

Новинарот специјализиран за Тотенхем, Аласдаир Голд, објасни дека клубот сака искусен стратег кој веднаш ќе донесе резултат и влијание во соблекувалната, пред да донесе долгорочно решение во летниот период. Привремениот тренер, сепак, ќе има можност со резултатите да се избори за траен договор.

Слична улога Тудор имаше во Јувентус минатата година кога стави потпис на договор до крајот на сезоната и ја исполни главната цел за пласман во Лигата на шампионите. Подоцна доби продолжување на соработка, но во октомври дојде до разделба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×