Не чекаа многу: Во Бразил веќе донеле одлука за иднината на Анчелоти!

by Стефан
1 минути читање

Карло Анчелоти ќе остане на кормилото на Фудбалска репрезентација на Бразил и по Светско првенство 2026, откако раководството на Бразилска фудбалска конфедерација донело одлука да му понуди нов четиригодишен договор.

Првите луѓе на „кариоките“ се презадоволни од тоа како искусниот Италијанец ја води селекцијата, неговата стручност, авторитет и смиреност во клучните моменти се оценети како гаранција за стабилност на долг рок. Токму затоа, во федерацијата не сакаат настапот на претстојниот Мундијал да биде и последен за Анчелоти на бразилската клупа.

И самиот стратег покажал јасна желба да ја продолжи мисијата, воодушевен од талентот и потенцијалот со кој располага репрезентацијата. Неговата амбиција е јасна, враќање на Бразил на врвот на светскиот фудбал, без разлика дали тоа ќе се случи во 2026 година или четири години подоцна.

Според информациите од Бразил, клучните точки од новиот договор веќе се усогласени, а остануваат само формалности пред официјалната потврда. Се очекува соработката и формално да биде продолжена во текот на март.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×