Денеска беше одржана ждрепката за новото издание на Лигата на нации, со што стана јасно како ќе изгледаат групите во сите дивизии. Нашата репрезентација ќе се натпреварува во Лигата Б, каде што ги доби своите противници, додека најсилните ќе играат во еден ранг погоре.
Србија ќе има сериозен предизвик во групата А2, каде што ќе ги одмери силите со фудбалските гиганти Германија и Холандија, како и со незгодната селекција на Грција. Ништо полесна задача не ја очекува ниту Хрватска, „коцкестите“ се дел од А3 групата во која се и европските тешкаши Шпанија и Англија, заедно со амбициозната Чешка.
Актуелниот шампион Португалија ќе ја започне одбраната на трофејот во групата А4, каде што ќе се соочи со Данска, Норвешка и Велс. Во А1, пак во вистинска „група на смртта“ битки ќе водат Франција, Италија, Белгија и Турција.
Новата сезона во Лигата на нации ќе стартува на 24 септември и ќе трае до 17 ноември, кога ќе се одиграат последните натпревари од групната фаза. Во септември, октомври и ноември се предвидени по две кола месечно. Четвртфиналните пресметки и плејофот ќе се играат од 25 до 30 март 2027 година, завршниот турнир во А-лигата е закажан од 9 до 13 јуни 2027, додека баражот за Европското првенство ќе се одржи од 23 до 28 март 2028 година.



