Црвена звезда го продава Алекса Дамјановиќ во Баер Леверкузен за пет милиони евра, со можност за уште три милиони во бонуси.
17-годишниот Дамјановиќ важи за еден од најголемите српски таленти, тој ќе го носи дресот на Баер Леверкузен кој ќе плати пет милиони евра и по можност уште три во бонуси.
Дамјановиќ играше на седум натпревари за првиот тим на Звезда, односно вкупно 172 минути. Немаше гол и асистенција.
Германскиот тим го правел скаутингот на Дамјановиќ пред се од игрите во младинскиот тим на Црвена звезда како и младинските селекции на Србија.
Без разлика што уште нема ништо направено во сениорскиот фудбал, од Леверкузен сметаат дека овој фудбалер има потенцијал да стане врвен центарфор.