Ливерпул се врати дома со огромни три бода од гостувањето кај Сандерленд, славејќи минимално со 0-1 во 26. коло од Премиер лигата.
Составот предводен од Арне Слот го контролираше темпото уште од стартот и креираше неколку зрели можности, но изостана реализацијата. Најмногу се закануваше Флориан Вирц, кој не успеа да го пронајде патот до мрежата.
Одлуката падна во 61. минута. По корнерот на Мохамед Салах највисок во скок беше Вирџил ван Дајк. Обидот на еден одбранбен играч на домаќините да расчисти на гол линијата само ја смести топката под пречката за водство на гостите.
До крајот резултатот остана непроменет, па Ливерпул продолжува да ја води битката за позициите кои носат место во Лигата на шампионите.