Сити и Астон Вила ја продолжија брканицата по Арсенал, Милнер израмни рекорд во ПЛ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити ја забележа шеснаесеттата победа во Премиер лигата и се доближи на три бода до Арсенал. Шампионот славеше против Фулам со 3-0 и практично ја заврши работата уште во првото полувреме. Антоан Семењо погоди во 24. минута, а потоа му асистираше на Нико Орајли за 2-0. Конечните 3-0 ги постави Ерлинг Халанд пред паузата, по што тимот на Пеп Гвардиола рутински го приведе мечот до крај.

Минималец запиша и Астон Вила која го совлада Брајтон со 1-0. Решавачкиот момент се случи во 87. минута кога Тајрон Мингс по корнер на Леон Бејли со глава го матира Барт Вербруген.

Џејмс Милнер го израмни рекордот по бројот на настапи во Премиер лигата и сега има 653, исто колку и Герет Бери.

Вулверхемптон и Нотингем Форест ремизираа без голови (0-0), а Барнли го изненади Кристал Палас и слави со пресврт (2-3)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×