Шлотербек блиску до останување во Дортмунд, може да замине само за еден клуб

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Билд, Нико Шлотербек размислува за две опции, останување во Борусија Дортмунд или трансфер во Реал Мадрид.

Нико Шлотербек е под договор со „милионерите“ до 2027 година, летоска може да замине за сума пониска од пазарната, па се најде во бележникот на клубови како Барселона, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Но како што пренесува Билд, дефанзивецот има само две опции, или ќе стави потпис на нов договор со Борусија Дортмунд, или ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Се очекува конечната одлука да биде донесена во март месец, а доколку замине, неговата цена ќе биде околу 40-50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×