Стресно е да се биде тренер на Реал Мадрид: Погледнете колку се променил изгледот на Арбелоа (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот тренер Алваро Арбелоа пред помалку од еден месец ја презеде клупата на Реал Мадрид, откако на 13 јануари го наследи Чаби Алонсо.

Почетокот на Арбелоа на клупата на „Кралевите“ не беше најдобар, бидејќи Реал веќе на неговото деби доживеа пораз од Албасете и беше елиминиран од Купот на кралот.

По тој неуспех, Реал под негово водство запиша пет победи, но и неочекуван пораз од Бенфика во Лигата на шампионите, со што мадридскиот гигант испадна од топ 8 и ќе мора преку плеј-оф да се бори за пласман во осминафиналето.

Колку изминатиот месец бил стресен за Арбелоа, покажува и споредбата на неговите фотографии од почетокот и крајот на овој период. Шпанската емисија „Ел Чирингито“ објави дека Арбелоа значително ослабел, што е видливо дури и на неговото лице, кое претрпело забележителни промени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×