Агентот на Ендрик, Тијаго Фреитас вели дека веќе е донесена одлука, младиот напаѓач по крајот на сезоната го напушта Лион и се враќа во Реал Мадрид.
Ендрик беше во втор план кај Чаби Алонсо, па во потрага на поголема минутажа, младото момче беше испратено на позајмица во Лион.
Бразилецот веднаш блесна во Франција, па тренерот Фонсека по само еден месец побара од раководството на клубот да стори се што може за да го задржи напаѓачот.
Сепак, агентот на Ендрик вели дека нема простор за едно вакво сценарио, веќе е одлучено дека тој се враќа во Реал Мадрид.
„Веќе е донесена одлука“ – вели Тијаго Фреитас. „Ендрик ќе се врати во Реал Мадрид по крајот на сезоната“.
„Лион нема опција да го купи, се работи за обична позајмица, па Ендрик повторно ќе биде фудбалер на Реал Мадрид“.
ФОТО: X/Olympique Lyonnais