Аргентинец загина по улична тепачка, го ранил неговиот брат!

by 24 фудбал
0 минути читање

Аргентинскиот фудбал е во шок по трагичната смрт на Лукас Игнасио Перез, кој го загубил животот по семеен конфликт кој кулминирал со насилство.

Според информациите од локалните медиуми, Перез влегол во расправија со својот брат, а ситуацијата излегла од контрола кога бил нападнат со скршено стаклено шише. Ударот му ја пресекол артеријата на десната рака, по што настанало обилно крварење.

29-годишникот кој беше нападнат кој во кариерата го носеше дресот на Алмиранте Браун, веднаш бил пренесен во најблиската болница. Лекарите се обиделе да му го спасат животот, но повредите биле премногу сериозни и тој им подлегнал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×