Претепан судијата кој го запроси момчето на Бундес-меч (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Германски судија се најде во центарот на вниманието минатата седмица поради емотивниот момент кога германскиот судија Паскал Кајзер јавно го побара за партнер Мориц на стадион пред десетици илјади гледачи за време на дуелот меѓу Келн и Волфсбург од Бундеслигата.

Само неколку денови подоцна приказната доби мрачен пресврт. Кајзер бил нападнат пред сопствениот дом од група лица кои го пресретнале додека престојувал во дворот. Според неговите тврдења, претходно пристигнувале пораки со заканувачка содржина, а во дел од нив била спомната и неговата адреса на живеење.

Иако случајот бил пријавен, му било посочено дека нема индиции за непосреден ризик. Нападот сепак се случил кратко потоа, а судијата верува дека причината е токму јавноста која ја доби неговата врска по просидбата.

Беа исклучително агресивни. Убеден сум дека нападот е директно поврзан со моето јавно запросување“, изјави Кајзер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×