Барселона должи пари на пет клуб – мора се да подмири речиси се до крајот на сезоната!

by Стефан
1 минути читање

Иако на теренот резултатите oдат во добра насока, финансиската реалност на Барселона и натаму не е идеална. Како што пренесуваат шпанските медиуми, каталонскиот клуб сè уште „влече“ значителни обврски од претходни трансфери, кои сериозно ја оптоваруваат клупската каса.

Станува збор за вкупен долг од 162,84 милиони евра, а управата на клубот добила јасна порака дека до крајот на сезоната мора да подмири најмалку 142,78 милиони евра, со цел да се избегнат нови финансиски проблеми и да се зачува стабилноста.

Во моментов, Барселона има неисплатени обврски кон пет клубови. Најголемиот дел од долгот, 43,07 милиони евра, се однесува на трансферот на Рафиња од Лидс јунајтед. Потоа следуваат 25,96 милиони евра што треба да ѝ се исплатат на Севиља за Жил Кунде и 18,29 милиони евра кон РБ Лајпциг за ангажманот на Дани Олмо.

Покрај тоа, каталонците должат и 14,16 милиони евра на Манчестер сити за Феран Торес, како и 10,03 милиони евра на Баерн Минхен за Роберт Левандовски.

Од спортски аспект, Барселона има добри резултати сезонава лидери се во Примера пред Реал Мадрид, изборија пласман во полуфиналето на Купот на кралот, а обезбедија и настап во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×