Се погласни се најавите дека Кристијано Роналдо би можел да стави крај на авантурата во Саудиска Арабија по завршувањето на актуелната сезона. Односите меѓу Португалецот и структурите во тамошниот фудбал се далеку од идеални, па заминувањето сè повеќе изгледа како реално сценарио.
Во меѓувреме, челниците на лигата веќе работат на пронаоѓање ново заштитно лице. На врвот на листата со желби се наоѓа Мохамед Салах, кој според британските медиуми е многу блиску до преселба на Блискиот Исток. Сè уште нема конечна одлука за дестинацијата, но како можност се споменува и Ал Наср, особено доколку Роналдо навистина го напушти клубот.
Планот е Салах да стане новата прва ѕвезда на шампионатот, а тоа ќе биде проследено со енормен финансиски пакет. Египќанецот во моментов во Ливерпул заработува околу 400.000 фунти неделно, додека во Саудиска Арабија би инкасирал трипати повеќе. Станува збор за сума од околу 1,2 милиони неделно, односно повеќе од 52 милиони по сезона.
И покрај тоа, тие бројки се уште се далеку од договорот што во моментов го има Роналдо, чија заработка достигнува околу 3,35 милиони фунти неделно, што на годишно ниво се движи околу 200 милиони.