Роналдо поблиску до заминување, ова се четирите опции!

by Стефан
1 минути читање

Според последните информации, Кристијано Роналдо е се поблиску до заминување од Ал-Наср, а причината се нарушените односи со клупското раководство и неговото незадоволство од стратегијата за ангажирање засилувања. Иако има важечки договор до 2027 година, португалската ѕвезда сериозно размислува за заминување од Саудиска Арабија веќе идното лето.

Како најреална дестинација се посочува Спортинг Лисабон, клубот во кој Роналдо ги направи првите фудбалски чекори и од каде што започна неговиот фудбалски пат. Сепак, тоа не е единствената опција на маса.

Според пишувањата на светските медиуми, интерес за неговиот потпис покажуваат уште Комо, Интер Мајами и Манчестер јунајтед. Враќањето на „Олд Трафорд“ се смета за најмалку извесно сценарио, имајќи предвид дека односите меѓу Роналдо и клубот од Манчестер останаа нарушени по неговото заминување кога го раскина договорот и потпиша за Ал-Наср.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×