Фиорентина беше на чекор до прекин на негативната серија во Серија А, но прими гол во судиското надополнување и мораа да се задоволат со реми против Торино (2-2), иако долго време имаа предност.
Уште еднаш се потврди дека одбраната на Торино сезонава е сериозен проблем. Тимот со најмногу примени голови во елитата успеа прв да поведе, Касадеи ја искористи една од ретките шанси и во 26. минута донесе водство за „биковите“. Сепак, сликата на теренот целосно се промени по паузата.
Само шест минути ѝ беа доволни на Фиорентина за целосен пресврт. Во 51. минута Соломон го продолжи добриот голгетерски ритам и израмни, а веднаш потоа Моизе Кин покажа зошто е еден од клучните играчи на тимот, се снајде одлично во шеснаесетникот и погоди за 2-1.
Домашниот тим умешно ја контролираше играта до самиот крај, а Давид Де Хеа со неколку интервенции делуваше како сигурна гаранција за победа. Но, во последните моменти концентрацијата попуштi, Марипан највисоко скокна по корнер и со удар со глава постави конечни 2-2.
Во следното коло Фиорентина ја очекува незгодно гостување кај Комо, додека Торино ќе се обиде да ја стабилизира формата во дуелот против Болоња.