Брентфорд приреди изненадување на „Сент Џејмс Парк“, откако во рамки на 25. коло од Премиер лигата славеше победа од 3-2 на гостувањето кај Њукасл.
Иако Њукасл и понатаму е во резултатска криза, домашниот тим подобро го отвори натпреварот и прв стигна до водство, кога Ботман ја затресе мрежата во 24. минута. Сепак, предноста не траеше долго Брентфорд брзо возврати и со два гола во низа направи целосен пресврт за 2-1.
Њукасл успеа повторно да се врати во игра преку Бруно Гимараеш, кој беше сигурен од белата точка и донесе израмнување (2-2). Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, следеше нов студен туш за домашните навивачи, Оутара во финишот, на пет минути пред крајот, погоди за конечни 3-2 и голема радост за гостите од Лондон.