Без победник во дуелот на Борусија Менхегладбах и Леверкузен во Бундеслигата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен без победник го завршија дуелот од 21. коло во Бундеслигата, откако натпреварот заврши со резултат 1-1.

Домашниот тим фуриозно го почнаа натпреварот т и брзо дојде до предност, казнувајќи ја невнимателноста во одбраната на Леверкузен. По силниот притисок на Енгелхарт, Табаковиќ се обиде со удар кој голманот Бласвих го одбрани, но топката се одби токму до Енгелхарт, кој во 10. минута прецизно реализираше за водство на Менхенгладбах.

По водечкиот погодок, домаќините делуваа посигурно и поагресивно, креирајќи уште неколку зрели можности пред голот на гостите. Леверкузен, и покрај тоа што ја имаше иницијативата и контролата врз поседот, немаше вистинска идеја како да ја пробие компактната одбрана на домаќините.

Кога се чинеше дека Борусија ќе замине на пауза со минимална предност, гостите добија неочекувана помош. Филип Сандер во 44. минута несреќно реагираше при расчистување и ја смести топката во сопствената мрежа, со што Леверкузен успеа да израмни и да остане во игра пред продолжението.

Во вториот дел видовме по некоја прилика на двете страни, но резултатот не се промени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×