Барселона сигурна и против Мајорка! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Барселона и денеска ја продолжи победничката серија во Ла Лига, откако без многу проблеми славеше над Мајорка со убедливи 3-0 во рамките од 23. коло. Ова беше трет последователен триумф за каталонскиот гигант во домашното првенство.

Избраниците на Ханси Флик го скршија отпорот на гостите во првото полувреме, кога Роберт Левандовски по половина час игра го отвори резултатот, погодок кој воедно беше и единствен до паузата.

Во продолжението Барселона продолжи да доминира, а водството го зголеми Ламин Јамал со гол во 61. минута. Конечните 3-0 ги постави Бернал во 83. минута од натпреварот.

Со оваа победа Барселона стигна до 58 бода и ја задржа лидерската позиција на табелата, со четири бода предност пред Реал Мадрид, кој утре го игра својот натпревар од ова коло на гостински терен кај Валенсија.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×