Ромеро рано поцрвене, Јунајтед речиси рутински го реши Тотнем (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед славеше сигурна победа од 2-0 против Тотнем во 25. коло од Премиер лигата и ја продолжи серијата на добри резултати.

Клучниот момент на „Олд Трафорд“ се случи во 29 минута кога Кристијан Ромеро брутално стартуваше врз Каземиро и заработи директен црвен картон. За дефанзивецот ова е второ вакво исклучување сезонава и автоматски ќе следи суспензија.

Бројчаната предност домаќинот ја искористи пред паузата. Во 38 минута по уиграна акција од корнер, Бруно Фернандеш доаде до Коби Мејно, кој одложи за Брајан Мбеумо и следуваше удар од работ на шеснаесетникот за водство од 1-0.

Во вториот дел Јунајтед целосно контролираше, гостите тешко излегуваа од својата половина, а дилемите беа решени во 81 минута. Центаршут испрати Диого Далот, топката стигна до Фернандеш кој ја смести покрај стативата за конечни 2-0.

Со оваа победа Јунајтед врза четири триумфи по ред и се зацврсти на четвртото место со 44 бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×