Синовите на Руни и Керик „тропаат“ на вратата на првиот тим на Јунајтед

by 24 фудбал
1 минути читање

Синот на легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, младиот Кај Руни, е на чекор до нов договор со англискиот гигант.

16-годишниот напаѓач оставил одличен впечаток со настапите во клупската академија и се нашол меѓу 14 најталентирани фудбалери на кои клубот им понудил нови услови. Кај Руни веќе подолг период настапува за помладите селекции на „црвените ѓаволи“ и важи за еден од најперспективните играчи во својата генерација.

Британскиот таблоид „The Sun“ објави дека Кај Руни и Џејси Керик, синот на актуелниот шеф на стручниот штаб на Јунајтед, Мајкл Керик, добиле понуди за нови договори, заедно со уште неколку млади фудбалери од академијата.

Доколку ја прифати понудата, Руни помладиот би потпишал едногодишна стипендија, која по наполнување на 17 години автоматски би се претворила во тригодишен професионален договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×