Лукман дебитираше со гол, пет различни стрели и потоп на Бетис (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Атлетико Мадрид во голем стил се пласираше во полуфинале на Копа дел Реј, момците на Симеоне вечерва го прегазија Бетис со убедливи 0-5.

Атлетико Мадрид го одигра еден од најдобрите натпревари оваа сезона, славеше со високи 0-5 на незгодното гостување на „Картуха“.

Ханцко го отвори резултатот во 12. минута, Џулијано реализираше за 0-2 по половина час игра, а Лукман со гол на својот деби натпревар се погрижи на пауза да се замине со резултат 0-3.

Гризман по еден час игра зголеми на 0-4, а Алмада во финишот од мечот погоди за 0-5 и потоп на Бетис.

ФОТО: X/Atlético de Madrid

Можно е и ова да ти се допаѓа

×