Роналдо не попуштата – бојкотот на Португалецот продолжува!

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо го продолжи бојкотот во Саудиска Арабија, што значи дека ќе го пропушти и вториот натпревар по ред за Ал Наср. Португалската ѕвезда е член на клубот од 2022 година, но досега не успеа да освои ниту еден значаен трофеј.

Главната причина за незадоволството на Роналдо е лошиот статус на Ал Наср во рамки на Саудискиот инвестициски фонд, кој ги контролира сите водечки клубови во земјата. Според информациите, токму начинот на кој клубот е третиран во таа хиерархија сериозно го иритира Португалецот.

Доколку ситуацијата не се промени, Роналдо наводно веќе испратил јасна порака дека е подготвен да ја напушти Саудиска Арабија.

На последниот тренинг на Ал Наср беа присутни сите фудбалери, освен Кристијано Роналдо, што дополнително укажува дека тој нема да настапи ниту на следниот натпревар.

Неговото незадоволство дополнително се продлабочи и со трансферот на Карим Бензема во редовите на големиот ривал Ал Хилал, што уште повеќе ја засили тензијата околу иднината на Роналдо во саудискиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×