25
По 23 одиграни натпревари во Серија А, Алберто Џилардињо доби отказ.
Досегашниот стратег на Пиза беше разрешен од функцијата по поразот од Сасуоло, а одлуката била донесена едногласно поради лошите резултати оваа сезона, во која клубот оствари само една победа.
Пиза досега има скор од една победа, 11 ремија и 11 порази, со што се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со 14 бодови, а зад неа е само Верона.
Како најсериозен кандидат за наследник на поранешниот напаѓач сè почесто се споменува Марко Џампаоло, тренерот кој во минатата сезона го предводеше Лече.
Standings provided by Sofascore