Германскиот шампион Баерн Минхен не успеа да стигне до цел плен на гостувањето кај ХСВ, откако натпреварот од 20. коло на Бундеслигата заврши без победник (2-2).
Баварците очигледно сè уште го чувствуваат ударот од поразот во претходното коло, а тоа домаќините го искористија во 34. минута кога Виеира го отвори резултатот. Сепак, тимот на Винсент Компани брзо реагираше, па Хари Кејн во 42. минута донесе израмнување.
На самиот почеток од вториот дел Баерн направи пресврт, Луис Дијаз погоди за 2-1 и најави можен камбек на шампионот. Но, ХСВ не се предаде и веќе во 53. минута Вушковиќ повторно ја врати рамнотежата, поставувајќи ги конечните 2-2.
До крајот на средбата домаќините успеаја да ја одбранат својата мрежа и да освојат вреден бод против актуелниот шампион.