Сопругата го издаде Левандовски за неговата иднина

by riste
1 минути читање

Според зборовите на сопругата, Роберт Левандовски ги игра последните месеци во Барселона, во наредната сезона ќе има нов клуб.

Ана Левандовска наговести едно такво сценарио кога беше прашана за иднината на нејзиниот сопруг.

„Ќе видиме како ќе помине оваа сезона во Барселона, бидејќи, да речеме, ова веројатно ќе биде последната сезона на мојот сопруг тука, па затоа ја користиме секоја минута. Уживаме во секој момент, во секој натпревар со навивачите, бидејќи знаеме дека еден ден повеќе нема да имаме сè. Што е следно? Не знаеме, но ова е патот на голем спортист, особено на одличен спортист и ние сме подготвени за тоа. За него ќе се зборува со години и дека идните генерации нема да го заборават. Тој постигна нешто големо и можам само да кажам дека сум многу горда на сè што се случи“, рече Ана Левандовска.

Актуелниот договор на Левандовски со Барса истекува по крајот на оваа сезона, а на Камп Ноу може да остане само ако прифати значително намалување на платата.

Левандовски се приклучи на Барселона во летото 2022 година и оттогаш постигна 113 гола и регистрираше 23 асистенции. Со овој резултат, Полјакот сега е 12. на листата на најдобри стрелци на легендарниот каталонски клуб и има шанса до крајот на сезоната да стигне до топ-10.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×