Миленикот на Гвардиола наскоро може да остане без клуб

by Стефан
1 минути читање

Роберто де Зерби наводно е на излезни врати од Марсеј. Темпераментниот италијански стратег, како што пренесуваат медиумите, понудил оставка откако клубот од Лига 1 не успеа да обезбеди пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

Неговиот договор на „Стад Велодром“ требаше да трае до летото 2027 година, но се чини дека соработката ќе биде прекината повеќе од една година пред истекот. Де Зерби кој е поранешен тренер на Шахтјор Доњецк и Брајтон, ужива голема почит кај Пеп Гвардиола кој често пати низ минатото имал само пофални зборови за него.

Успешната дебитантска сезона му донесе пласман во елитното европско натпреварување и ги поттикна амбициозните планови за иднината. Сепак, сезоната 2025/26 е обележана со големи осцилации во формата.

Сè кулминираше со убедливиот пораз од 3-0 против Клуб Бриж во Лигата на шампионите. Тешкиот пораз во Белгија го турна Марсеј на 25. место на табелата, со што клубот остана без пласман во следната фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×