Досегашниот фудбалер на Лајпциг, Тимо Вернер, кариерата ќе ја продолжи во Сан Хозе, соопшти денеска клубот кој настапува во МЛС лигата.
29-годишниот германски напаѓач со Сан Хозе потпиша договор до јуни 2028 година.
„Секогаш е голем предизвик да се донесе одлука за заминување преку Атлантикот, но во Сан Хозе и во Соединетите Американски Држави ги имам сите предуслови за успех“, изјави Вернер, кој професионалната кариера ја започна во Штутгарт.
По Штутгарт напаѓачот настапуваше за Лајпциг и Челси, а минатата сезона беше дел и од Тотнем, каде што беше на позајмица.
Најдлабок белег во кариерата го остави токму во Лајпциг, за кој во два мандати собра 165 првенствени натпревари постигна 89 голови.
Во дресот на репрезентацијата на Германија одигра 57 натпревари на кои постигна 24 погодоци.