Погледнете што се случ во програма во живо кога Трубин му даде гол на Реал Мадрид (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Бенфика со голема победа од 4-2 против Реал Мадрид на „Луж“ во последното коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите си обезбеди место во плејофот за нокаут-фазата, а воедно им го затвори патот на „кралевите“ кон директен пласман во осминафиналето.

Во завршницата од натпреварот португалскиот тим имаше целосна контрола врз случувањата на теренот. Бенфика водеше со 3-2 и играше со двајца фудбалери повеќе по исклучувањата на Раул Асенсио и Родриго, кои заработија втор жолт картон. Сепак, и покрај ваквата предност, ситуацијата на табелата не беше идеална. Поради полошата гол-разлика во однос на Марсеј, „орлите“ длабоко во судиското продолжение сè уште се наоѓаа на 25. позиција.

Токму тоа беше причината тренерот Жозе Мурињо во последниот напад да го испрати во шеснаесетникот и голманот Анатолиј Трубин. По прекинот и прецизниот центаршут на Фредрик Аурснес, украинскиот чувар на мрежата скокна највисоко и со удар со глава погоди за голема еуфорија на трибините и меѓу фудбалерите на Бенфика. Радоста беше огромна, а „Луж“ експлодираше.

Во целата таа драма се случи и момент кој брзо стана хит на социјалните мрежи. Додека Бенфика го започнуваше последниот напад, португалска телевизија емитуваше програма во живо во која гостуваше кардиналот Америко Агијар. Во сред разговор на сосема поинаква тема, во студиото одеднаш се слушна силна врева. Водителот и гостинот најпрвин беа збунети, а потоа сфатија дека Бенфика постигнала гол, сцена која за кратко време стана вирална.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×