Мурињо: Мислев дека сѐ ми се случило во фудбалот, но ова беше првпат!

by riste
1 минути читање

Бенфика на неверојатен начин го фати последниот воз за пласман во плејофот од Лигата на шампионите, со гол на голманот Трубин во 98. минута и тоа против Реал Мадрид.

По четири кола од лигашкиот дел од Лигата на шампионите, Бенфика немаше освоено ниту еден бод, беше закована на дното, па никој не веруваше дека можат понатаму. Но, тоа се случија, победија трипати на последните чеитри меча и благодарение на тој историски гол на Трубин одат понатаму.

„Сум поминал многу работи, мислев дека за мене се е дежаву,но ова ми се случи за првпат“, вели Мурињо.

„Знаевме дека Трубин може да даде гол. Губевме во Порто пред неколку недели и во последната минута тој отиде пред нивниот шеснаесетник и за малку ќе дадеше гол, па знаевме дека големото момче е способно за ова. Квалитетниот центаршут е најважен, треба да ја наместите топката таму, но голот беше неверојатен“.

„Кога ги правев измените, последните измени, Ивановиќ и Антонио Силва, ми рекоа дека е доволно само да победиме. Па си реков ајде да ја затвориме „вратата“. Откако ги направив измените, неколку секунди подоцна тие ми рекоа потребен ни е уште еден гол, но не можев да правам нови измени. Па имавме среќа што добивме слободен удар и големото момче можеше да отиде таму“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×