Бензема одби да игра натпревар за Ал Итихад!

by Стефан
1 минути читање

Искусниот француски голгетер Карим Бензема, по сè изгледа, ги брои последните денови во Ал-Итихад, а кулминацијата на неговото незадоволство во Џеда дојде откако одби да патутува на утрешното гостување кај Ал-Фатех.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид во понеделникот ги одигра сите 90 минути за актуелниот шампион на Саудиска Арабија, но поради застој во преговорите околу продолжувањето на договорот реши да повлече радикален потег.

Договорот на Бензема со Ал-Итихад истекува на 30 јуни, а во клубот во изминатите недели вложуваа напори соработката да биде продолжена барем за уште една година. Сепак, очигледно е дека не бил постигнат договор за сите клучни точки.

Останува да се види каква ќе биде реакцијата на клубот и на тренерот Сержо Консеисао, но јасно е дека Бензема нема лесно да се предомисли сè додека не ги истера своите барања.

Французинот оваа сезона зад своеето име има осум погодоци во домашното првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×