Еден фудбалер на Барселона бил бесен поради трансферот на Дро во ПСЖ

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Мундо Депортиво, Гави бил бесен поради трансферот на Дро во ПСЖ, но гневот на играчот бил насочен кон раководството на клубот, смета дека не направиле доволно за да го задржат младото момче.

Барселона оваа недела остана без еден од најперспективните играчи во школата, талентираниот Дро Фернандез реши да го напушти „Камп Ноу“ и да се пресели во ПСЖ.

Ваквиот развој на настаните донесе многу разочарување во Барселона, се говореше дека најпогоден бил тренерот Ханси Флик, кој се чувствувал изневерен, па веднаш го исклучи од соблекувалната.

Како што пренесува Мундо Депортиво, еден фудбалер бил особено бесен поради трансферот на Дро во ПСЖ.

Станува збор за Гави, но неговиот гнев бил насочен од раководството на клубот, смета дека не направиле доволно да го задржат младото момче, односно да му дадат повеќе минутажа и шанса да покаже што умее.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×