814
Во текот минатата недела Един Џеко го комплетираше трансферот во Шалке со кој потпиша договор до крајот на сезоната, односно за околу пет месеци.
„Билд“ сега ги објавува деталите за примањата на Џеко во овој период.
Многумина очекуваа голема плата, но не е така. Џеко ќе има скромна заработка во однос на неговото име.
Основната сума како плата која ќе ја добие во тој период е вкупно 300.000 евра. Во договорот има и клаузула за бонус доколку Шалке се пласира во најдобрата Бундеслига.
Во тој случај Џеко ќе добие плус бонус од 400.000 евра, па примањата ќе му пораснат на вкупно 700.000 евра.