Падна договор: Јувентус најде нов клуб за големото промашување

by Стефан
1 минути читање

Астон Вила беше принудена да реагира поради големиот број повреди во тимот и според последните најави клубот успеал на Унаи Емери да му го обезбеди Даглас Луиз кој не се снајде во Јувентус.

Бразилскиот фудбалер не доби значајна минутажа за време на позајмицата во Нотингем Форест, каде што настапуваше како играч на Јувентус, поради што „старата дама“ одлучи да го врати назад на „Вила Парк“.

Така, Даглас Луиз се враќа во тимот на Емери по пауза од година и пол, период во кој не успеа да остави посериозен белег. Тој во летото 2024 година ја напушти Астон вила и се пресели во Јувентус за сума од 51,5 милиони евра. Претходно, Луиз цели пет години го носеше дресот на клубот од Бирмингем, а интересно е што во Англија пристигна од Манчестер сити, каде што никогаш не доби вистинска шанса.

Астон Вила го откупи од „граѓаните“ во летото 2019 година за 17 милиони евра, а пет години подоцна го продаде на Јувентус за речиси тројно поголема сума. Сега, клубот го враќа на позајмица со опција за откуп следното лето, но финансиските детали од договорот засега не се откриени.

Станува збор за големо враќање на поранешниот капитен, кој за Астон вила зад себе има вкупно 204 натпревари во кои постигна 22 голови, додавајќи 25 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×